Расте бројот на компании кои ги користат поволните кредитни линии
Најголем интерес има за кредитите за подобрување на енергетската ефикасност од Европската банка за обнова и развој. Вкупниот фонд на програмата е 12 илјади евра, почна лани, а ќе трае до 2017-та година...

Нема забавување во искористувањето на поволните кредитни линии наменети за малите и средните претпријатија. Расте бројот на компании кои ги користат фондовите за раст и инвестиции. Најголем интерес има за кредитите за подобрување на енергетската ефикасност од Европската банка за обнова и развој. Вкупниот фонд на програмата е 12 илјади евра, почна лани, а ќе трае до 2017-та година.
„Осум милиони евра, се веќе пласирани, а два милиони се во обработка. Искористеноста на кредитната линија во првата година е многу висока“, изјави Ловре Ристески, менаџер на Кримсон Капитал Фонадација
Бизнис заедницата со презентации и консултантски услуги им помага на компаниите поефикасно да аплицираат за поголема искористеност на фондовите. Поволните кредитни линии се наменети за фирмите кои имаат потежок пристап до комерцијалните кредити.
„Има значителен број компании членки на ССК кои ги искористуваат овие фондови во секторот на енергетска ефикасност каде инвестицијата се враќа веќе во првата година, а понатаму во следниот период таа инвестиција носи дополнителен профит на компаниите, односно намалаување на тековните трошоци“, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Кредитната линија опфаќа проектити за мали хидроцентрали, промена на изолација, прозорци, врати, осветлување, обнова на возен парк. Инвестицијата треба да обезбеди минимум 30 проценти заштеда на енергија и намалена емисија на јаглерод диоксид од 20 отсто.
Сунчица Николоска
