Општина Илинден доби енергетско-ефикасен систем за греење и ладење
Со примена на алтернативни извори на енергија, покрај заштеда во буџетот на општината, се овозможува и подобрување на условите во образованието и културата, како и заштита на животната средина...

Енергетско - ефикасни училишта, градинки, културни објекти- Општина Илинден ги подобрува условите за работа во јавните установи. Со пари од Светска банка ќе се вградуваат енергетско - ефикасни системи за греење и ладење. Проектот е вреден 26 милиони евра, а опфатена е површина од 7 илјади метри квадратни.
Со примена на алтернативни извори на енергија, покрај заштеда во буџетот на општината, се овозможува и подобрување на условите во образованието и културата, како и заштита на животната средина.
Општина Илинден ја следи стратегијата за одржлив развој на Владата и со имплементација на овој прокет придонесува за квалитетен живот на локалната заедница.
