Стопанската комора на Северозападна Македонија со предлог мерки против кризата

03.06.2015 16:55

Најмногу поплаки пристигнуваат од градежниот сектор и од индустријата за мебел, тврди Неби Хоџа, новиот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Бизнисмените бараат итно хармонизирање на политичката состојба.

Актуелната политичка состојба речиси 6 месеци влијае негативно на економијата, велат бизнисмените. Најмногу поплаки пристигнуваат од градежниот сектор и од индустријата за мебел, тврди Неби Хоџа, новиот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Бизнисмените бараат итно хармонизирање на политичката состојба.

„Народната банка и Министерството за финансии внимателно да ги следат финансиските трансакции за да нема неконтролиран прилив и одлив на пари. Владата да се воздржи од нереални ветувања кои реално не може да ги исполни“, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Ссеверозападна Македонија.

Бизнисот бара реализација на предвидената патна инфраструктура и ја актуелизира  градбата на автопат на делницата која води кон граничниот премин Блаце. И најстарата бизнис заедница ќе промовира иницијативи за подобрување на бизнис амбиентот и економските слободи во наредните 5 години.

„Се работи за иницијативи за сериозни реформи во пензискиот и здравствениот  систем. Предлози за независноста на регулаторните тела, реорганизација на Македонската банка за поддршка на развојот и мерки поврзани со извозот“, вели Јелисавета Георгиева- извршен директор на Стопанската комора на Македонија. 

Старо- новата идеа за расправа околу реалноста на курсот на денарот експресно ја отфрли гувенерот Богов. Според анализите на Централната банка, конкурентноста не е нарушена поради стабилноста на курсот, ниту пак таа се добива со негова промена, тврди Богов.

 

Свето Николовски