Рекордното производство во САД ја урива цената на нафтата

04.06.2015 11:58

Ова предизвикува загриженост дека може да дојде до дополнителен раст на резервите, иако цената од јули лани, е намалена за околу 50 проценти...

Рекордното производство на нафта во САД, најголемо во последните 30 години, ја урива цената на светските берзи. Ова предизвикува загриженост дека може да дојде до дополнителен раст на резервите, иако цената од јули лани, е намалена за околу 50 проценти.

Американското министерство за енергетика соопшти дека производството на нафта во САД минатата недела пораснало за 20 илјади барели дневно, а цената за барел се намали за 2 центи на Њујоршката, односно за 5 на Лондонската берза.