Турские бизнис ангели ќе инвестираат во три компании од Македонија
04.06.2015 12:02
Уште пет компании се на листата за поддршка. Сите ќе патуваат во технолошкиот парк во Истанбул во септември...

Инвестициската делегација на турските бизнис ангели информира дека по посетата на Македонија, од 22 компании што се презентираа, три добиле инвестиција и почнале со финалната фаза за подготовка на договорите.
Уште пет компании се на листата за поддршка. Сите ќе патуваат во технолошкиот парк во Истанбул во септември.
Ова е прва ваква иницијатива каде се спојуваат јавни и приватни инвестиции во иновативни мали и средни компании во државава.
