Кривична пријава за поранешен декан на Стоматолошкиот факултет

04.06.2015 12:04

Осомничен е за финансиски малверзации, што ги направил во периодот од 2010-та до 2012-та година. На шестмина доктори- специјализанти им го простил надоместот за специјализација што требало да го платат...

Поранешен декан на скопскиот Стоматолошки факултет незаконски давал специјализации на државна сметка. Од Финансиската полиција заработи кривична пријава.

Осомничен е за финансиски малверзации, што ги направил во периодот од 2010-та до 2012-та година. На шестмина доктори- специјализанти им го простил надоместот за специјализација што требало да го платат.

Спротивно на законот и статутот полагале за да добијат уверение без намирување на пропишаниот долг.

Со ваквите постапки деканот ја олеснил буџетската каса на факултетот за 55 илјади евра.