Зголемен интерес за наводнување „капка по капка“

05.06.2015 11:32

Се зголемува интересот за наводнување кај едногодишните култури со системите „капка по капка“. Резултатите од последните две години ги охрабрија земјоделците да инвестираат во новата технологија...

На иста површина поголеми приноси за три до четири пати. Ваков род добиваат земјоделците кај пченката и сончогледот со системот за наводнување капка по капка.

Поради зголеменото производство со намалени трошоци,земјоделците со државните субвенции планираат проширување на овој систем.

Од ланските 8, годинава 44 земјоделци поднеле барање за 9 милиони денари за ко-финансирање на системите капка по капка. 

 

Методија Трајков