Груевски: Започнува исплатата за 100% обештетување на погодените од поплавите
Тоа што го ветивме и го исполнуваме! Исплатите почнуваат денес за првите 120 земјоделски домаќинства од Општина Могила која беше еден од најпогодените региони. Во наредните три недели ќе бидат исплатени во целост сите преостанати земјоделци и домаќинства од Могила, објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил...

„Исполнето уште едно наше ветување до граѓаните! Денес започнува исплатата на 100 отстотното обештетување на земјоделците и домаќинствата чии имот и посев беше оштетен од невремето и разорните поплави во јануари и февруари годинава“, објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил.
Со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои претрпеа штети, како по своите посеви така и по своите домаќинства, на крајот на март Груевски вети 100 процентно обештетување. Веднаш се пристапи кон законско допрецизирање, олеснување и спроведување на постапка за проценка на целокупната штета, како и растоварување на административната процедура со цел да се помогне на земјоделците и домаќинствата погодени од невремето.
„Тоа што го ветивме и го исполнуваме! Исплатите почнуваат денес за првите 120 земјоделски домаќинства од Општина Могила која беше еден од најпогодените региони. Во наредните три недели ќе бидат исплатени во целост сите преостанати земјоделци и домаќинства од Могила, како и сите преостанати настрадани од погодените региони кои јавија и кај кои беше констатирана штета од невремето, за што се одвоени 12 милиони евра за нивна дирекна поддршка“, вели премиерот Груевски.
Обештетувањето, како што пишува премиерот, е 100 отстотно- колку што проценителите проценија и утврдија дека имало штета толку ќе им биде исплатено на луѓето. Истовремено, Владата со поддршка од ЕУ обезбеди средства во висина од 10 милиони евра и за обнова на оштетената инфраструктура: патиштата, водоводните системи, малите брани.
„Ние продолжуваме да работиме, да создаваме и да придонесуваме за граѓаните. За просперитетна, напредна и силна Македонија!“, завршува Груевски.
Исполнето уште едно наше ветување до граѓаните!Денес започнува исплатата на 100 отстотното обештетување на земјоделците...
Posted by Nikola Gruevski on Friday, June 5, 2015
