Министерот Јолевски на безбедносен форум во Будва

05.06.2015 12:20

Јолевски ќе има излагање на панелот посветен на преструктуирањето на безбедносниот систем со цел справување со современите закани од тероризмот...

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, заедно со делегација од Министерството, денеска и утре ќе учествува на годишниот безбедносен форум „2BC – To be secure“ во Будва, Црна Гора.
 
Јолевски ќе има излагање на панелот посветен на преструктуирањето на безбедносниот систем со цел справување со современите закани од тероризмот.
 
На форумот, учество ќе земат претседатели, министри и високи претставници на министерствата за одбрана и за надворешни работи на земјите од регионот, меѓу кои и Хрватска, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и др.
 
Ова е годишен форум посветен на прашања од глобалната и евроатлантската безбедност, како и на безбедноста на земјите од Југоисточна Европа. Целта на Форумот е да придонесе кон критичкото размислување за реформите во Југоисточна Европа и нивно имплементирање, изградба и зајакнување на врските помеѓу сите вклучени страни со цел постигнување на побезбеден и просперитетен Регион со капацитет да придонесе во борбата со глобалните предизвици.