Заев нема да присуствува на состанокот во Брисел
Изјавата во Вашингтон, на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ содржи елементи на пристрасност и несоодветно во подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел, вели лидерот на СДСМ...

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека нивни претставници нема да присуствуваат на закажаниот состанок со еврокомесарот Хан на 10 јуни во Брисел.
„Изјавата во Вашингтон, на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ содржи елементи на пристрасност и несоодветно во подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на Хан, за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ/ОДИХР, ниту ЕУ досега не констатираа дека извештајот за изборите во РМ е позитивен“, изјави Заев.
Според Заев, доказите од прислушуваните телефонски разговори ја разоткриле меѓу другото и криминалната позадина на повеќе изборни циклуси во Македонија и организирани и спроведени од власта.
