Интензивно се работи на реконструкција на железницата Битола- Кременица
Тече започнатата реконструкција на запоставената железничка делница Битола- Кременица. Преку ИПА проектот тежок 21 милион евра до крајот на јули идната години во функција, по 26 години, повторно ќе биде ставена оваа железничка делница. Тоа ќе значи поевтин и побрз проток на патници, а за стопанствениците од југозападниот регион можност за поевтин увозно- извозен транспорт и формирање на покункурентни цени на европскиот пазар...

Се интензивираат зафатите за обновување на железничката пруга Битола- Грчка граница. Реконструкцијата на оваа 26 години запоставена делница која во далечната 1894 година билаа изградена по иницијатива на германскиот банкар Алфред Канола добивајки дозвола од турските власти за нејзина експлотација на 99 години, најемотивмо ја доживува 70 годишниот битолчанец Томе Петров. Пензионерот кој полни 40 години поминал во Македонски железници со задоволство се присетува на времето кога на овој начин Битола, брше поврзана со Солун преку Лерин.
„Тоа беше време кога имаше годишни визи и фрекфенцијата на патување беше голема. Паметам кога моите сограѓани и за килограм портокали патуваа до Лерин, беше атракција и имаше добар соживот“, радосен на овој нов почеток на Македонски железници, вели пензионерот Томе Петров.
Реализацијата на инвестицијата од 21 милион евра добиена преку ИПА фондовите ги разгалува и чувствата за поевтини транспортни трошоци на извозно-увозните компании од југозападниов регион. Пуштањето на крак и изградба на претоварна станица, позитивно ќе влијае и на инвеститорите во индустиската зона „Жабени“.
„Сето ова ќе значи поконкурентни цени за овдешните компании што ги испорачуваат производите во Африка и Азија, а од друга страна набавка на поевтини репроматеријали“, вели директорот на индустриската зона „Жабени“, Сашо Илковски.
Тоа ќе биде одлична можност на овој дел да се види и дел на новиот возен парк на Македонски железници за кој се вложени над 59 милиони евра.
Бенефитот е голем, но треба уште малку трпение до финалното решение на овој проект.
Во оваа фаза се врши демонтажа на стариот колосек и создавање на услови за поставување на нов. Сите работи трба да завршат до 30-ти јули идната година.
Стевче Митревски
