Груевски се сретна со претставниците на ОБСЕ

05.06.2015 16:52

На средбата бил констатиран позитивниот развој на соработката помеѓу земјава и ОБСЕ...

Темелна определба на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, на чија реализација владата работи на исполнување на активностите и мерките од пристапниот процес - рекол премиерот Груевски на средбата со специјалните претставници на ОБСЕ, Батели и Нотеле кои се во посета на земјава.

Посочил дека владата ќе продолжи со посветена работа за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера и унапредување на можностите за сите граѓани и нивниот стандард.

На средбата бил констатиран позитивниот развој на соработката помеѓу земјава и ОБСЕ.

За актуелната политичка состојба, гостите со став дека е потребно одговорно однесување, отворен ангажман на субјектите и потребата нејзино брзо надминување.