Обештетувањето на земјоделците ќе заврши за десет дена
05.06.2015 17:05
Вакво уверување им даде премиерот Груевски на овоштарите, земјоделците и тутунарите со кои пред малку се сретна во Владата...

Во наредните десет дена ќе заврши обештетувањето на земјоделците чии посеви настрадаа во поројните дождови. Вакво уверување им даде премиерот Груевски на овоштарите, земјоделците и тутунарите со кои пред малку се сретна во Владата.
Тутунарите добија уверување дека нема да се намалат субвенциите за жолтото злато, а претставниците од агро- секторот беа информирани и дека Владата ќе најде начин како да не се намалат цените на градинарските производи.
Груевски информира и дека 42.000 фарми наскоро ќе се легализираат.
