Иванов на Самит на претседатели на „Брдо-Бриони процесот“ во Будва
08.06.2015 08:40
Проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност се дел од клучните теми на годинешниот состанок на лидерите на „Брдо-Бриони процесот“...

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов учествува на самитот на претседатели на процесот „Брдо – Бриони“, што се одржува во црногорскиот град Будва. Шефот на државата ќе има и обраќање на пленарната сесија.
Дел од клучните теми на годинашниов состанок се проширувањето на Европската Унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност. Се очекува Иванов да оствари и неколку средби со претседатели на земјите од регионот.
Од Будва известува Свето Николовски
