Втор циклус од програмата за самовработување
Годинава за реализација на секое самовработување се предвидува поддршка со неповратни средства во висина од над 200-те илјади денари, од кои 185.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема или репроматеријали...

На заедничката прес конференција, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, информираат за вториот циклус од програмата за самовработување.
Годинава за реализација на секое самовработување се предвидува поддршка со неповратни средства во висина од над 200-те илјади денари, од кои 185.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема или репроматеријали, додека останатите 16.600 денари служат за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење бизнис во времетраење од најмалку 30 часа, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.
Во 2015 година, програмата самовработување нема да поддржува основање на бизнис во земјоделска дејност. Јавниот оглас до невработените лица го распишува Агенцијата за вработување на Република Македонија врз основа на оперативниот план за услугите на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување.
