МОН: Екстерното тестирање целосно заокружено во 228 училишта

08.06.2015 14:21

Со екстерното тестирање се се опфатени околу 180.000 ученици и 17.000 наставници по 7.560 предмети...

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека денес  биле екстерно тестирани 43.909 основци и средношколци. Според информациите до овој момент процесот е целосно заокружен во 228 училишта.

Инаку со екстерното тестирање се се опфатени околу 180.000 ученици и 17.000  наставници по 7.560 предмети.

Оценувањето започна на втори и ќе трае до 10-ти јуни, а резултатите ќе бидат објавувани етапно, соопштуваат од Министерството за образование и Државниот испитен центар.