Сообраќајка кај Агино село: Се преврте шлепер- повреден странски државјанин

09.06.2015 10:05

Сообраќајот на патниот првец Куманово- Скопје е во прекин за тешки товарни возила и автобуси...

Шлепер со буграски регистарски таблички се преврте кај Aгино село. Повредено е едно лице- странски државјанин, кој e хоспитализиран во кумановската болница.

Сообраќајот на патниот првец Куманово- Скопје е во прекин за тешки товарни возила и автобуси.

Се врши увид на местото на сообраќајната незгода.