Бизнис делегација од Стопанската комора на Светски коморски конгрес во Торино
09.06.2015 11:52
Во рамки на конгресот планирано е да се реализираат и бизнис-средби меѓу учесниците што претставува можност за воспоставување на соработка ...

Бизнис-делегација предводена од потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева ќе учествува на 9-тиот Светски коморски конгрес, што од утре до петок ќе се одржува во Торино, Италија.
Конгресот е организиран од Светската федерација на комори и се одржува на секои две години во различни региони од светот. На него ќе учествуваат над 600 комори од светот, бизнис асоцијации и компании.
Во рамки на конгресот планирано е да се реализираат и бизнис-средби меѓу учесниците што претставува можност за воспоставување на соработка меѓу компании или комори од различни држави.
