Загина 21- годишно момче во сообраќајка во Скопје

09.06.2015 12:37

Во незгодата Еркан бил повреден и пренесен во Градска општа болница во Скопје, каде 19.30 часот им подлегнал на повредите...

Вчера околу 16.00 часот, во Скопје на раскрсницата од улиците „Методија Андонов Ченто“, „Палмиро Тољати“ и „Среќко Пужалка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел“ управувано од Б.М.(47) од Скопје и моторцикл, управуван од Еркан Б.(21) од Скопје.

Во незгодата Еркан бил повреден и пренесен во Градска општа болница во Скопје, каде 19.30 часот им подлегнал на повредите.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.