Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Скопје

09.06.2015 12:39

Во сообраќајната несреќа што се случи изутрината се преврте камион со бугарски регистерски таблички, управуван од грчки државјанин, соопшти кумановската полиција...

Сообраќајот на патниот правец Куманово - Скопје (кај Агино село), кој поради сообраќајна несреќа беше во прекин за тешки товарни возила и автобуси, е нормализиран.

Во сообраќајната несреќа што се случи изутрината се преврте камион со бугарски регистерски таблички, управуван од грчки државјанин, соопшти кумановската полиција.

Според информациите од хируршкото одделение од Општа болница Куманово, странскиот државјанин се здобил со лесни телесни повреди.