Незири: Македонија има признат и докажан систем за акредитација

09.06.2015 13:01

Компаниите ги намалуваат трошоците, ги испорачуваат производите под знакот на акредитацијата. Системот на акредитација ја елиминира потребата од двојни тестирања...

Акредитивната подршка е значајна во економијата, но и во здравствената и социјална заштита. Македонија има признат и докажан систем за акредитација, вели министерот за економија,  Беким Незири.

Компаниите ги намалуваат трошоците, ги испорачуваат производите под знакот на акредитацијата. Системот на акредитација ја елиминира потребата од двојни тестирања.

„Македонија има признат и докажан систем за акредитација и на домашен и на меѓународен план им овозможи на македонските претприемачи да ги намалат ризиците од опасност во управувањето на трошоците во работењето и да ја зајканат економската моќ“, изјави министерот за економија, Незири.

Директорот на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ), Трпе Ристоски, вели дека за компаниите акредитацијата значи предуслов за поголема конкурентност на домашниот и на странските пазари која е обезбедена со минимални трошоци во работењето и со олеснет пласман и извоз.