Најдобрите ученици од Аеродром на настава во Лондон

09.06.2015 13:32

За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од еден одговорен наставник ќе имаат можност да ја посетуваат наставата кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем...

Петнаесет најдобри ученици од основните училишта во општина Аеродорм ќе одат во Лондон, во збратимената општина Вандсворт. Ќе посетуваат настава во училиштето Брнтвуд. Ова е мотивација повеќе учениците да учат – велат локалните власти.

За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од еден одговорен наставник ќе имаат можност да ја посетуваат наставата кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата. Тие ќе бидат сместени кај семејствата на своите соученички, така што ќе можат да дознаат повеќе за обичаите, навиките и начинот на живот во Велика Британија.

„Трошоците за реализација на овој проект ќе ги покрива општина Аеродром. Учениците ќе бидат сместени кај семејствата на своите соученици. Децата ќе стекнат огромно искуство и нови пријателства“, изјави градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.

Се очекува посетата да ја зајакне соработката меѓу двете општини и да им овозможи размена на искуства и вредности меѓу учениците и стекнување нови другарчиња.