Стапката на невработеност намалена на 27,3% во првиот квартал
Според податоците, во првиот квартал од годинава имало 262.140 невработени лица, а вработени биле 697.248 лица...

Во првиот квартал годинава стапката на невработеност во Македонија изнесува 27,3%, објави Државниот завод за статистика. Во однос на претходниот квартал стапката на невработеност е намалена за 0,3%, а во однос на првиот квартал минатата година, намалена е за 1,1%.
Според податоците, во првиот квартал од годинава имало 262.140 невработени лица, а вработени биле 697.248 лица.
Поголемиот дел од невработените во првиот квартал биле мажи и тоа 62,8% од вкупното активно население во земјава, а жени 37,2%. Според возраста најголем број невработени 166.414 се на возраст од 25 до 49 години. Според образованието, најбројни се оние лица со четиригодишно средно образование, и тоа 119.312.
Најмногу вработуваат преработувачката индустрија и земјоделскиот сектор.
