Утре во Брисел- средба меѓу еврокомесарот Хан и лидерите на најголемите политички партии

09.06.2015 14:02

Присуството на средбата го потврди и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој деновиве изјави дека нема да оди во Брисел. Причина беше како што рече Заев, ставот на Хан во однос на изборите во Македонија...

Утре во седиштето на Европската комисија, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на средба со лидерите на најголемите политички партии во Mакедонија.

Состанокот доаѓа по одржаната лидерска средба во Скопје на 2-ри јуни на кој беше договорено до крајот на април идната година да се одржат предвремени парламентарни избори.

Присуството на средбата го потврди и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој деновиве изјави дека нема да оди во Брисел. Причина беше како што рече Заев, ставот на Хан во однос на изборите во Македонија лани и дека во оваа фаза еврокомесарот бил пристрасен.

Неодамна Хан и Заев имаа и телефонски разговор во кој еврокомесарот за проширување ги потврдил ставовите според извештајот на ОБСЕ/ОДИХР дека парламентарните избори генерално биле добро спроведени, со нотирани одредени недостатоци во изборниот процес.

Се очекува утре да биде постигнат договор за спорните точки и надминување на политичката криза во земјава.