Екстрадиран охриѓанецот Б.П. осомничен за двојно убиство
Инаку по лицето Б.П. имаше распишано меѓународна потерница и истиот беше лишен од слобода на 12.02.2015 година во Албанија каде се до неговото спроведување во Р. Македонија бил во екстрадиционен притвор...

Од Албанија екстрадиран 31– годишниот охриѓанец Б.П. осомничен за двојно убиство што се случи минатата година во Охрид. Македонската полиција вчера го презеде од албанските колеги на граничниот премин “Ќафасан”.
Спроведен е во Истражниот затвор Скопје. По него МВР имаше распишано меѓународна потерница. Беше лишен од слобода во февруари годинава во Албанија. До неговото спроведување во земјава бил во екстрадиционен притвор.
Осомниче е за двојното убиство, што се случи на летната тераса од угостителскиот објект „Император“ во Охрид. Со неколку проектили од огнено оружје- пиштол кое нелегално го поседувал усмртил две лица кои биле во локалот.
Полицијата веднаш приведе едно лице кое му помогнало да ја напушти државата.
