ФЗОМ и Фармацевтскиот факултет ќе соработуваат
Заедно ќе вршат истражување на полето на фармакоекономијата за кое фармацевскиот факултет има големо меѓународно искуство, а истражувањата ќе користат во креирање на политиките во здравството...

Фондот за здравствено осугурување и Фармацевскиот факултетот потпишаа меморандум за соработка. Двете институции соработката ќе ја спроведуваат преку искористување на научно- стручните, професионалните, материјално техничките и просторните услови.
Заедно ќе вршат истражување на полето на фармакоекономијата за кое фармацевскиот факултет има големо меѓународно искуство, а истражувањата ќе користат во креирање на политиките во здравството.
„Со овој меморандум се обврзуваме дека ќе работиме на зајакнување на заедничките капацитети преку соработка на разни истражувачки проекти, проектни задачи и организирање на заеднички работилници. Истовремено, заедно со професорскиот и стручниот кадар на Фармацевтскиот факултет и експертските тимови на ФЗОМ ќе овозможиме повисоко ниво на соработка“, изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.
Деканот на Фармацевтскиот факултет Светлана Кулеванова истакна дека факултетот е спремен да ги даде на услуга своите потенцијали во смисла на човечки ресурси, експертски и научен кадар, просторните услови, за како што кажа, да се придонесе кон реализација на проектите кои што се договорени со Фондот.
