Донација од САД: Нова опрема за Царинската управа и Граничната полиција вредна 212 илјади долари
Станува збор за најсофистициран скенер вреден 50 илјади долари, како и детектори за радицација, бастери и фиберскопи...

Амбасадата на САД во Македонија и додели на Царината и на Граничната полиција опрема вредна 212 илјади долари. Станува збор за најсофистициран скенер вреден 50 илјади долари, како и детектори за радицација, бастери и фиберскопи.
Опремата ќе го зголеми капацитетот на двете гранични служби на повеќе начини меѓу кои се спроведувањето на надзор долж границата, патролирање и попречување на незаконски активности, борбата против прекуграничниот криминал и тероризам, откривање радијација, идентификација на оружје за масовно унитшување, истакна заменик шефот на мисијата на САД, Барт Путни на денешното примопредавање на граничниот премин Блаце.
Директорката на Царинската управа Наташа Радеска - Крстевска заблагодарувајќи се за донацијата рече дека инвестициите во софистицирана и модерна опрема се од примарно значење за пограничните служби.
Со помош на оваа опрема, како што оценија оперативните тимови, во значителна мера ќе се подобри ефикасноста при откривање на нелегалната трговија на граничните премини.
