Стружани повторно се дават во густ чад од депонијата

09.06.2015 16:21

Стружани и туристите последниве неколку дена повторно се гушат од чад од околната депонија. Надлежните веруваат дека тоа се предизвикува намерно, но не знаат кој тоа го прави. Решението со гасење на огнот е само привремено. Граѓаните, но и самите туристи во Струга дишат загаден воздух кој може да се рефлектира врз нивното здравје- според биолозите, додека екологистите единственото решение го гледаат во дислокација на самата депонија...

Непријатна миризба и густи црни облаци надвиснуваат секоја вечер во Струга од запалената депонија. Ветерот кој го има во овој регион забрзано ја шири реата низ целата општина. Граѓаните се револтирани и бараат што побрзо решавање на овој проблем.

„Последниве неколку дена особено во вечерните часови ужасна смрдеа надвадува над градов, значи темни облаци на чад, дури не е проодно. Најверојатно ќе треба да се движиме со заштитни маски“, рече стружанецот Тони Ашталкоски.

„Најлошото што може да биде и за здравје и за култура и за чистота и за се. Со ова неможеме вака да одиме во Европа“, вели постар жител на Струга.

„Смета навечер, неможиме да дишиме. Цел град вчера беше загаден. Треба да се превземе нешто, депонијата е на сред град“, вели една жителка на Струга.

Вообичаено од општина Струга не сакаа да ги коментираат последните случувања со депонијата иако се надлежни за истата. Еколошките друштва апелираат до поголема посветеност и работа на терен. Потсетуваат дека овој проблем е веќе алармантен и трае со години на назад.

Депонијата треба што поскоро да се дислоцира а која сега се наоѓа во непосредна близина на градотизјави екологот Урим Каба.

Биолозите предупредуваат на заразни болести. Токсините од депонијата навлегуваат длабоко во почвата а оддтаму индиректно до секој од нас.

Тие ситни суптанции од таа депонија навлегуваат во растенијата и на директен и индиректен начин ние се храниме со нив секој ден“, вели биологот, професор Зиба Беким.

За разлика од минатите години кога температурите беа повисоки овој пат тоа се случи на пониски температури и врнежливо време што укажува на фактот дека најверојатно пожарите на струшката депонија се подметнати.

До тогаш граѓаните, но и самите туристи дишат загаден воздух кој може да се рефлектира врз нивното здравје.

 

Јованчо Наумоски