Во Брисел лидерска средба за нормализација на политичката состојба

10.06.2015 11:19

Состанокот ќе почне околу пладне и доаѓа по средбата во Скопје на 2-ри јуни на која беше договорено до крајот на април идната година да се одржат предвремени парламентарни избори.

Денеска во Брисел, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан ги чека на средба лидерите на најголемите политички партии од земјава. Состанокот ќе почне околу пладне и доаѓа по средбата во Скопје на 2-ри јуни на која беше договорено до крајот на април идната година да се одржат предвремени парламентарни избори.

Присуството на средбата го потврди и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој деновиве рече дека нема да оди во Брисел поради изјава на Хан во која еврокомесарот оцени дека извештајот за ланските избори во Македонија бил позитивен, но, Заев го смени ставот по телефонскиот разговор со него.