Стартува авиолинијата Охрид- Лондон
10.06.2015 11:31
Со новата услуга „Виз-ер“ во моментов нуди вкупно 21 линија до 9 земји од два македонски аеродрома, Скопје и Охрид...

Охрид ќе се доближи до британските туристи. „Виз-ер“ почнува да лета на новата авио линија од Охрид до Лондон. Засега е најавено дека ќе се лета два пати неделно, во среда и во недела, по почетна цена од 1.500 денари.
Со новата услуга „Виз-ер“ во моментов нуди вкупно 21 линија до 9 земји од два македонски аеродрома, Скопје и Охрид.
Се очекува новата линија да овозможи зголемување на бројот на британски туристи, кои со евтини авио летови ќе можат да ја посетат охридската ривиера.
