Завршува учебната 2014/2015 година
10.06.2015 11:39
Денеска е и последниот ден од екстерното тестирање, со кое во изминатите девет дена беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници...

За околу 280.000 основци и средношколци завршува учебната 2014/2015-година и почнува летниот распуст. Воедно, денеска е и последниот ден од екстерното тестирање, со кое во изминатите девет дена беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.
Матурантите од утре ќе полагаат државна матура со тестирањето по мајчин јазик и литература.
За полуматурантите, пак, претстои запишување во средно образование кое е задолжително. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 22-ри и 23 јуни.
