Жител од Крушопек прободен со нож
Итната медицинска помош вчера во 18:40 часот во ЦИК-Скопје пријавила дека во Скопје на ул. „Лондонска“ имало непознато лице кое лежело на земја со убодна рана...

Триесет и седумгодишен жител од Крушопек вчера се здобил со убодна рана од нож кај ТЦ „Олимпико“ на ул. „Лондонска“ во Скопје, соопшти МВР. Итната медицинска помош вчера во 18:40 часот во ЦИК-Скопје пријавила дека во Скопје на ул. „Лондонска“ имало непознато лице кое лежело на земја со убодна рана.
По преземени мерки е утврдено дека се работи за К.А.(37) од село Крушопек, кој по вербална расправија со три лица, која подоцна прераснала во тепачка, од страна на едно лице бил прободен со нож и се здобил со тешки телесни повреди.
Еден од осомничените за настанот се пожалил на повреди и бил задржан за понатамошно лекување во Специјална болница за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, додека со останатите двајца осомничени е обавен разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
