Почна лидерската средба во Брисел

10.06.2015 13:09

На разговорите присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли, како и известителот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл...

Почна лидерската средба во Брисел. За разлика од најавите средбата почна со заеднички состанок на лидерите на 4-те најрелевантни политички партии со еврокомесарот Хан. На разговорите присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли, како и известителот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл.

Портпаролот на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, официјално потврди дека претпладнево во Брисел почнала лидерската средба за надминување на политичката криза во земјава. Таа појасни дека тоа е продолжување на разговорите  од Скопје.

„Овој состанок е продолжување на последниот состанок во Скопје, и еврокомесарот Хан веќе изјави дека одредени прашања беа дискутирани и договорени, но за одредени прашања треба исто така да се разговара, затоа и тие се договорија да се сретнат денеска. Состанокот е во тек, не можам да прецизирам детали, но генерално целта на средбата е да се изнајде решение за политичката криза во земјата и нашите напори се насочени во тој правец“, изјави Коцијанчич.