Ден на воздухопловната бригада на АРМ

10.06.2015 13:21

Почнаа скромно во 90-те, со слаба техничка опременост, но со обучен и професионален кадар...

Воздухопловната бригада на АРМ одбележува 23 години развој, ентузијазам и посветеност кон професијата. Почнаа скромно во 90-те, со слаба техничка опременост, но со обучен и професионален кадар.

Денеска бригадата е единствена воздухопловна оперативна единица која обучува кадар и се грижи за леталата. Единицата е опремена со борбени и со транспортни хеликоптери, подготвена за учество во мировни операции, со основна мисија- поддршка на маневрирачките единици на Армијата, но и на институциите на државата во справување со елементарни непогоди.