Хан на Твитер: Клучен ден да се најде трајно решение и да се тргне напред

10.06.2015 14:04

За разлика од најавите средбата почна со заеднички состанок на лидерите на 4-те најрелевантни политички партии со еврокомесарот Хан...

„Ова е клучен ден да се најде трајно решение и да се тргне напред“, напиша на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан пред почетокот на средбата во Брисел со четворицата лидери на најголемите македонски политички партии.  

За разлика од најавите средбата почна со заеднички состанок на лидерите на 4-те најрелевантни политички партии со еврокомесарот Хан. На разговорите присуствува и известителот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл.

Портпаролот на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, официјално потврди дека претпладнево во Брисел почнала лидерската средба за надминување на политичката криза во земјава. Таа појасни дека тоа е продолжување на разговорите  од Скопје.