Ден на Воздухопловната бригада: 23 години развој, ентузијазам и посветеност
Воздухопловната бригада на АРМ е единствена оперативна единица која обучува кадар и се грижи за леталата. Опремена е со борбени и со транспортни хеликоптери, подготвена за учество во мировни операции, со основна мисија- поддршка на маневрирачките единици на армијата. Во Центарот за обука на пилоти се школува кадар за потребите на армијата и на полицијата...

23 години развој, ентузијазам и посветеност кон професијата. Воздухопловната бригада на АРМ во почетокот на ’90-тите почна скромно, со слаба техничка опременост, но со обучен и професионален кадар. Желбата за успех беше поголема од она што недостасуваше,вели командантот на единицата, полковник Колески. Бригадата е единствена воздухопловна оперативна единица која обучува кадар и се грижи за леталата. Имперетив е модернизација на техниката, ремонтирање на хеликоптерите и набавката на тродимензионален радар.
„Бидете убедени дека најголемата влредност на ВБР се старешините и војниците, искусен и соодветно образован воздухопловен кадар. Техниката е материјална компонента која професионалци како нас ја усвојуваат за кратко време, без разлика дали доаѓа од исток или запад“, рече Кире Колески, командант на Воздухопловната бригада.
На свеченоста потсетување и за 11-те македонски мировници кои загинаа кај Катлановско Блаце, враќајќи се од мисијата во Босна и Херцеговина. Единицата е опремена со борбени и со транспортни хеликоптери, подготвена за учество во мировни операции, со основна мисија подршка на маневарските единици на Армијата, но и на институциите на државата во справување со елементарни непогоди. Продолжуваме да бидеме извозници на мирот и да ги исполнуваме стандардите за членство во НАТО, рече министерот за одбрана.
„Од вас искусни припадници на бригадата, очекувам да бидете пример, да ги водите и обучувате вашите помлади колеги, да им го пренесете вашето ценето искуство и тие да станат нераскинлива алка од синџирот на одбраната на Република Македонија“, нагласи министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Во 2005 година бригадата се трансформираше во помала, покомпактна единица, воздухопловен ВИНГ, се до 2012-та, кога повторно се формира воздухопловна бригада. До крајот на годината е отворен огласот за прием на кандидати за пилоти, а на Воената академија која треба да прерасне во универзитет, ќе се отвори катедра за воено воздухопловство.
Милчо Велески
