Чавков: Се преземаат засилени мерки за сузбивање на криумчарите чии жртви се мигрантите
Во однос на последните случувања за злоупотреба на мигрантите од криминални групи, министерот рече дека МВР ги мултиплицира сите мерки и активности кои што резултираа со кривични пријави...

Во земјава се одржа регионалниот форум на Министри за внатрешни работи од земјите на регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ. Република Македонија и го предаде претседателството на Црна Гора, а Косово стана полноправна членка.
Ресорниот министер Чавков потврди дека се преземаат засилени активности и мерки за сузбивање на криумчарите чии жртви се мигрантите од воените жаришта. Во однос на последните случувања за злоупотреба на мигрантите од криминални групи, министерот рече дека МВР ги мултиплицира сите мерки и активности кои што резултираа со кривични пријави.
Според министерот за внатрешни работи, проблемот со мигрантите не е локално или регионално прашање, туку тоа претставува глобален предизвик.
