Запленети цигари со македонски акцизни маркички на ГП Прешево

12.06.2015 11:24

Цигарите се откриени во камперско возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин со потекло од Босна и Херцеговина...

На граничниот премин Прешево, ноќеска е спречен обид за криумчарење на 460 илјади парчиња цигари од разни брендови, во вредност од 23.000 евра. Како што соопштува српската Царинска управа, во соработка со полицијата при влез во Србија биле запленети цигарите, од кои дел биле со македонски акцизни маркички, а дел биле без бандероли. 
 
Цигарите се откриени во камперско возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин со потекло од Босна и Херцеговина. Возачот не пријавил ништо при царинската контрола, но при детален преглед на возилото бил откриен специјален бункер со цигари.