Кривична пријава за изработка и употреба на лажна платежна картичка

12.06.2015 12:33

Лицето, против кого Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава за делата кои ги извршувал од јануари до мај годинава се претставувал лажно како полициски инспектор Тодоров при купувањето на мобилните телефони со кои, преку интернет, го извршил криминалот...

Лажен полициски инспектор со украдени банкарски податоци од платежни картички, меѓу кои и странски, преку трансакции незаконски се стекнал со износ од 280 илјади денари и 1.900 американски долари, соопштуваат од Mинистерството за внатрешни работи.

Лицето, против кого Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава за делата кои ги извршувал од јануари до мај годинава се претставувал лажно како полициски инспектор Тодоров при купувањето на мобилните телефони со кои, преку интернет, го извршил криминалот.

Украдените банкарски податоци до МВР ги пријавиле УНИ банка Скопје и НЛБ Тутунска банка, но и Американската амбасада која забележала злоупотреба на платежни картички на нивни државјани во повеќе македонски интернет продажни места.

Производите од интернет, лажниот полициски инспектор ги добивал во продавница на пластичарската улица во Скопје. Во домот на приведениот, полицијата одзела лап топ, повеќе мобилни телефони, СИМ и мемориски картички.