Притвор за четворицата криумчари од Ваксинце

12.06.2015 13:03

Осомничени се за криумчарење мигранти, кои засолнети во нивните домови чекале погоден момент да заминат во Западна Европа...

Одреден е притвор за четворица жители на Ваксинце, кои вчера беа приведени во селото, во кое полицијата  во 5 куќи пронајде 128 мигранти, државјани на Сирија и на Ирак. На двајца од приведените им е одреден 8- дневен притвор, а на другите двајца притвор од 30 дена. 

Осомничени се за криумчарење мигранти, кои засолнети во нивните домови чекале погоден момент да заминат во Западна Европа. Откриените мигранти пред полицијата тврделе дека во Ваксинце дошле по сопствена волја, никој од нив не рекол дека е жртва на закана или уцена при престојот во селото.