Пронајдени гранати од Прва Светска Војна кај пругата во Битола

12.06.2015 13:25

М.Д. (56) од Битола пронашол три артилериски гранати од 75мм кои потекнуваат од Прва Светска Војна...

Кај битолското село Кравари, при изведување на градежни работи на железничката пруга, М.Д. (56) од Битола пронашол три артилериски гранати од 75мм кои потекнуваат од Прва Светска Војна.

Истите се подигнати од лице место од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.