„Меѓаши“ го презентира извештајот за остварување на правата на децата
Вклучувањето на децата Роми и децата со посебни потреби во образовниот процес останува горлив проблем...

Првата детска амбасада „Меѓаши“ го презентира извештајот за остварување на правата на децата во земјава, подготвен од Македонската национална коалиција за првата на детето. Вклучувањето на децата Роми и децата со посебни потреби во образовниот процес останува горлив проблем.
Во делот остварување на правата на децата Роми во Извештајот се наведува дека најчести причини зошто не се запишуваат или оние кои се запишани ги отпишуваат се немање лична документација, социоекономска состојба на семејството, неодговорност на родителите, неинформираност, ниско ниво на свесност за значењето на образованието, како и преселба во европските земји.
Во Извештајот се препорачува во однос на образованието на децата со посебни потреби да се воспостави систем за евидентирање и следење на бројот на учениците, во училиштата да се применат стандарди за пристапност, да се комплетираат стручни училишни тимови со соодветни профили и да се надгради и зајакне знаењето на наставниците за работа со учениците со посебни потреби.
Невладините организации констирале дека расте бројот на децата, кои користат дрога, како и бројот на деца, жртви на трговија со малолетници.
