ЈП Водовод воведе терминали за брзо плаќање на сметките

12.06.2015 14:13

Јавното претпријатие Водовод промовираше уште две нови услуги, „Мој инкасатор“ и доставување на состојба по електронски пат...

Од денеска граѓаните сметките за вода ќе можат да ги платат на дванаесетте нови терминали за брзо плаќање. Во наредниот период ќе се инсталираат уште 18 низ трговските центри и маркетите.

Јавното претпријатие Водовод промовираше уште две нови услуги, „Мој инкасатор“ и доставување на состојба по електронски пат.

Два милиони денари е сумата која е уплатена преку елетронскиот систем за наплата на сметки.