Препорака од надлежните- почеста контрола на пациентите со дијабетес
Во Националниот систем за електронска евиденција или т.н. „Мој термин“ се интегрирани сите препишувачи на инсулин, од цела држава...

Почеста контрола на пациентите со дијабетес, за да се спречат компликации - препорака од надлежните. За тоа неопходно е проширување на инсулинските центри, отворање нови амбуланти и вклучување повеќе доктори од целата држава. Ова се дел од целите на Националната комисија за дијабет која функционира веќе четири месеци.
„Во Националниот систем за електронска евиденција или т.н. „Мој термин“ се интегрирани сите препишувачи на инсулин, од цела држава. Последниот месец во овој систем се интегрираа и пациентите на инсулинска пумпа, кои претходно не беа. Овие пациенти, нивните сетови, резервоари ги снабдуваат на истото место каде го снабдуваат и инсулинот, во инсулинските аптеки со инсулински рецепти. Не мора да доаѓаат за тоа во Скопје“, изјави проф. д-р Татјана Миленковиќ.
Дијабетесот се смета за втора причина за смртност во светот.
