За речиси една година, 380 крводарители дарувале тромбоцити
Во пресрет на Светскиот ден на крводарителството, награда за најхуманите. Во Институтот за трансфузиона медицина можат да се даруваат и тромбоци кои им се потребни на тешко болни пациенти...

Тодор Костов за првпат даруваше тромбоцити - крвни плочки што им се најпотребни на тешко болните. Хуманоста му е водилка- сака да им помага на луѓето. Досега неколку пати дарувал крв.
„Според мене секој треба да дарува крв и тромбоцити затоа што ништо не е страшно, доколку имаат време и можност нека даруваат. Првпат дарувам тромбоцити, имам дарувано крв 12 пати. Затоа што многу луѓе се плашат од машината затоа дојдов да дарувам тромбоцити“, вели Тодор Костов - крводарител.
За речиси една година Костов е 380-тиот дарител на тромбоцити. Толку време и овој апарат го има во Институтот - преку него тромбоцитите се одвојуваат од крвта, а остатокот се враќа во организмот на дарителот.
„Се дарува едно поголемо количество, вообичаено се околу 6 дози, а сега се од 12 до 15, ги делиме на три дела и пациентот ја прима најсоодветната компонента која него му е потребна“, вели д-р Емилија Велкова, директор на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.
Лани во земјава биле дарувани 55 илјади и 300 крвни единици. Во пресрет на Светскиот ден потсетување дека еден дарител на крв спасува живот на двајца до тројца пациенти.
Андријана Атанасовска
