„Водовод“ со нови услуги
Се подобрува системот за плаќање на сметките за вода во Скопје. За поголема сигурност и за помалку гужва – сметките за вода ќе може да се плаќаат и на терминали низ градот...

Првите дванаесет терминали за брзо плаќање се веќе инсталирани по трговските центри и маркетите. Во наредниот период Водовод планира уште 18. Се зголемува бројот на корисниците во електронскиот систем сепак пред шалтерите гужви, сликата е иста речиси секој ден. Оние повозрасните велат вака е посигурно.
Наплатата на сметките за потрошена вода извесен период оди и преку елетронски систем. До сега на овој поедноставен начин се уплатени дви милиони денари и е во постајан пораст процентот на корисници коишто го користат, велат од Водовод.
Денеска се промовирани уште две нови услуги, Мој инкасатор и доставување на состојба по електронски пат. Од Водовод велат дека причина се честите жалби од граѓаните дека инкасаторот не ја прочитал состојбата па фактурираната состојба не одговара на реалната.
Новите услуги на Водовод треба да овозможат да се надминат сите проблеми со кои се соочуваа граѓаните во изминатиов период, велат од претпријатието.
Дијана Ценевска
