Висок степен на УВ зрачење- лекарите со препораки
Пукна летото, десетина дена пред официјалниот старт. Управата за хидро-метеоролошки работи алармира за високиот степен на УВ зрачењето. Лекарите советуваат да се избегнува престој на сонце и да се заштити кожата...

Четири карциноми на кожа за неполн месец дијагностицирала доктор Сузана Камберова. Ваквата состојба се поврзува со високото ниво на УВ зрачење.
„Се поголем број на луѓе заболуваат од кожен карцином. Претпоставувам дека се работи за оној вид кој е поврзан со сончевото зрачење. Секогаш има и одредени фамилијарни, имунолошки предиспозиции“, вели прим. д-р Сузана Камберова, дерматолог.
Надлежните постојано информираат за порастот на темературите и степенот на ув зрачењето. Некои граѓани предупредувањата ги сфаќаат сериозно и дејствуваат превентивно.
Да се избегнува престој на сонце. Доколу тоа е невозможно, кожата да се заштити, со лесна памучна облека и крем за сончање на кој задолжително треба да се прочита составот.
„Мора да ги пишува двете, со УВ А и УВ Б, да е водоотпорно и да е минимум со фактор 30“, вели прим. д-р Камберова.
Ракот на кожа е најчестиот вид канцер од кој се заболува над 25 години. Според некои истражувања, од рак на кожа умира по еден човек на час.
Наташа Јанчиќ
