Цената на македонската пченица иста како на светските берзи

15.06.2015 09:46

Додека се чека жетвата на новата пченица, старата речиси на сите светски берзи изнесува околу 10 денари за килограм. Во моментов толку чини и македонската...

Наскоро треба да почне жетвата на пченицата, и се очекуваат помали количества бидејќи поради неповолните климатски услови е засеана на 70.000, односно за 30.000 хектари помалку.

Сегашните цени на пченицата на светските берзи и кај нас се во просек 10 денари за килограм, но има голем увоз на ефтино брашно од Србија.

Поголем дел, или 65 проценти од брашното го произведуваат македонските мелници, а 35 се увезува од соседството.

 

Методија Трајков