Матурантите полагаат втор предмет од државната матура
15.06.2015 10:01
Најголем број од матурантите имаат избрано англиски јазик. Бројот на кандидатите што се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал...

Во сите средни училишта се полага вториот странски јазик од државната матура. Најголем број од матурантите имаат избрано англиски јазик. Бројот на кандидатите што се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал.
Во четвртокот се полагаше првиот, задолжителен предмет, односно македонски, албански и турски јазик.
На 17-ти се полага математика, а два дена подоцна, физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
Годинава за полагање државна матура се пријавени 17 илјади 643 ученици.
