Ќе се воведува месечен зелен картон
Премиерот Груевски објави дека владата подготвува измени во регулативата пред почетокот на туристичката сезона. Ова ќе помогне на домашниот буџет бидејќи ќе чини двојно помалку, 30 евра за зелената карта за автомобилите до 66 киловати, за оние над- цената ќе биде 50 евра...

Покрај едногодишниот, од сега граѓаните ќе можат да си купат и едномесечен зелен картон. Премиерот Груевски објави дека владата подготвува измени во регулативата пред почетокот на туристичката сезона. Ова ќе помогне на домашниот буџет бидејќи ќе чини двојно помалку, 30 евра за зелената карта за автомобилите до 66 киловати, за оние над- цената ќе биде 50 евра. Според премиерот, со ова добиваат граѓаните кои зелениот картон најчесто го користат за пократок период .
„Се размислува за оние луѓе кои не излегуваат често од државата, односно патуваат еднаш во годината, еднаш или неколку пати во еден месец за годишен одмор или слично, да се воведе и едномесечен зелен картон кој би чинел 30 евра за оние што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со над 66 киловати. Тоа веројатно ќе го одберат сите оние што повеќе од еден годишен одмор не излегуваат надвор од државата или, пак, на кои им треба само за еден месец, за еднократна употреба, но за тоа треба да платат речиси половина цена“, изјави премиерот Никола Груевски.
Во сабота стартува и законот за отпис на каматите за долгови од придонеси за социјално осигурување. Компаниите кои имаат заостанати долгови од придонеси, ќе може да ги платат без да ја плаќаат каматата. За оние фирми чии што долгови се од периодот до 2008 година ослободувањето ќе биде 100 отсто, а плаќањето на 36 рати. Оваа мерка ќе опфати 16.500 компании и околу 5.000 земјоделци.
Дијана Ценевска
